Дипломатија

Шефот на дипломатијата Османи во Киев

27.05.2022 09:03

Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на Република Северна Македонија, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција...

Денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи e во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со својот хомолот, Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.

Предвидено е министрите да разговараат за руската воена агресија и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија можат да помогнат.

Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на Република Северна Македонија, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.