Совет за безбедност на ОН
Кина и Русија ставија вето за резолуцијата за Северна Кореја
27.05.2022 09:16
Кина ги повика Соединетите Држави да преземат суштински активности за дијалог и да најдат политичко решение за ситуацијата на Корејскиот полуостров..

Кина и Русија ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од Соединетите Држави, која би ги заострила санкциите кон Северна Кореја како одговор на нејзиното најново лансирање на интерконтинентална балистичка ракета.
Гласањето во 15-члениот Совет за безбедност беше 13 наспроти 2 што се смета за првата сериозна поделба меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност.
Кина ги повика Соединетите Држави да преземат суштински активности за дијалог и да најдат политичко решение за ситуацијата на Корејскиот полуостров.
