САД
Републиканците ја блокираа дебатата за законот за домашен тероризам
27.05.2022 09:19
Напорите на демократите за дебатата ја интензивираа по последниот масакр кој се случи во основно училиште во Тексас...

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа дебатата за мерките за спречување на домашниот тероризам. Со демократите водат спор околу начините со кои би се запрело насилството со огнено оружје.
Минатата недела по расистичкиот напад во Бафало, Претставничкиот дом усвои предлог-закон за домашен тероризам.
Напорите на демократите за дебатата ја интензивираа по последниот масакр кој се случи во основно училиште во Тексас.
