Осомничените за „Делчевски ниви“ на распит во Скопското обвинителство
Треба да одлучи дали и колкумина ќе треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка и дали за осомничените ќе побара мерка притвор. Двајца од приведените се актуелни управители на сектори во ЕВН Електрани Македонија..

Седуммината приведени поранешни функционери, за кои Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава, се на распит во Скопското обвинителство.
Треба да одлучи дали и колкумина ќе треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка и дали за осомничените ќе побара мерка притвор. Двајца од приведените се актуелни управители на сектори во ЕВН Електрани Македонија.
Се сомничат дека свесно и со намера, изготвиле анализа во која прикажале лажни податоци за земјишта во Делчевско кои не ги исполнуваат законските услови за пренамена од земјоделско во градежно земјиште со цел ЕВН на истите да гради фотонапонски централи.
Со останатите четворица пријавени биле склучени договори. На сметките на дел од пријавените од ЕВН им биле исплатени над 99 милиони денари за земјишта чија реална пазарна вредност е нешто повеќе од 2 милиони денари, велат од Финансиската полиција.
