СДСМ: Случајот „ Делчевски ниви“ надлежните институции докрај да го расчистат
Од партијата додаваат дека кривични пријави се поднесени против седум лица, меѓу кои и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски. Апелираме до надлежните институции докрај да се расчисти овој криминал, а одговорните да бидат соодветно санкционирани, стои во дописот...

Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои целата јавност беше информирана пред локалните избори, конечно добива епилог, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека кривични пријави се поднесени против седум лица, меѓу кои и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски. Апелираме до надлежните институции докрај да се расчисти овој криминал, а одговорните да бидат соодветно санкционирани, стои во дописот.
Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки, велат социјалдемократите.
