Македонија

Професорите од УКИМ: Или повисоки плати или штрајк во јунската испитна сесија

27.05.2022 10:30

Најавија дека ќе испратат отворено писмо до премиерот, претседателот на Собранието и до министерот за финансии, за да предупредат дека е потребно да се изврши корекција на нивните примања, имајќи предвид дека просечната плата надмина 500 евра...

Професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ бараат повисоки плати. Најавија дека ќе испратат отворено писмо до премиерот, претседателот на Собранието и до министерот за финансии, за да предупредат дека е потребно да се изврши корекција на нивните примања, имајќи предвид дека просечната плата надмина 500 евра.

Професорите од сојузот на синдикати на вработените во УКИМ бараат надлежните да стават потпис на веќе изготвениот колективен договор, со којшто платите треба да им се зголемат за 25 проценти, во спротивно, најавен е предупредувачки протест или бојкот на јунската сесија.