Османи во посета на Ирпин
Министерот смета дека руската агресија претставува тешко кршење на меѓународното право, напад врз суверена земја и сериозен обид да се уништат темелите на меѓународната безбедност и стабилност...

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи е во вработна посета на Украина. Тој, заедно со претставници на украинската Влада го посети градот Ирпин, на периферијата на Киев, каде што се имаше интензивни воени дејствија.
„Тоа што го видов, уште еднаш ме убеди колку нашиот став за осуда на оваа воена агресија е оправдан. Пронајдени се тела на бројни цивили, а над 70 отсто од зградите се потполно или делумно уништени, вклучително болници и образовни институции“, вели Османи.
Министерот смета дека руската агресија претставува тешко кршење на меѓународното право, напад врз суверена земја и сериозен обид да се уништат темелите на меѓународната безбедност и стабилност.
