Свет

Џонсон предлага нова алијанса како алтернатива на ЕУ

27.05.2022 11:34

Според Џонсон, лидер на новиот сојуз би била Велика Британија, а членки покрај Украина, би биле и Полска, Естонија, Литванија, Летонија, а во подоцнежната фаза, евентуално и Турција...

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ објави дека британскиот премиер Борис Џонсон планира формирање на нов економски и воен сојуз како алтернатива на Европска Унија.

Првпат го претставил на 9-ти април при неговата посета на Киев.

Според Џонсон, лидер на новиот сојуз би била Велика Британија, а членки покрај Украина, би биле и Полска, Естонија, Литванија, Летонија, а во подоцнежната фаза, евентуално и Турција.