Македонија

Вонреден Коалициски совет во Софија за Македонија

27.05.2022 11:52

Коалициските партнери велат дека ќе слушнат што има ново да каже премиерот, но дел од нив со порака-ставот е јасен и е базиран на позицијата утврдена со декларација на Народно собрание и на Претседателскиот советодавен совет...

На вонредниот Коалициски совет, кој треба да се одржи во Софија, се очекува бугарскиот премиер Петков да им објасни на владините партнери зошто од претседателот Радев побара да го свика Советот за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Македонија.

Состанокот Петков го најави при посетата на Рим и Ватикан на 24-ти мај. Коалициските партнери велат дека ќе слушнат што има ново да каже премиерот, но дел од нив со порака-ставот е јасен и е базиран на позицијата утврдена со декларација на Народно собрание и на Претседателскиот советодавен совет.

И заменик-претседателот на бугарското Собрание Вигенин, член на Социјалистичката партија изјави дека Бугарија во моментов нема причина да го укине ветото за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, бидејќи не бил постигнат никаков напредок во договореното.