Земјоделство

Земјоделците недоволно ги осигуруваат посевите

27.05.2022 13:35

Недоречености во правилата за осигурување и малиот број на компании кои нудат полиси за земјоделците се причина за слабиот интерес за осигурување на земјоделскиот род. Државата го субвенционира осигурувањето, но се случува осигурителните компании да одбиваат соработка со земјоделци чиј имот е во подрачје со висок ризик од штети...

Незамисливо е еден современ земјоделец во услови на климатски промени да не ги осигурува своите посеви, вели Младен Митев чија компанија одгледува овошје на околу 200 хектари. Но она што ги предомислува дел од земјоделците, според него, се недореченостите во општите правила за осигурување.

Тешко се наплатува штетата на осигурениот род, а се случува осигурителните компании да не соработуваат со земјоделци чии посеви се во регион со висок ризик од штети.

Годинава само две осигурителни компании нудат полиси за земјоделците, нема конкуренција и заради тоа условите што ги нудат не се поволни – велат земјоделците.

Владата субвенционира 60 насто од полисата, најмногу до 150 илјади денари.

Славица Величковска