Премиера на „Дупло дно“ на Стефановски
Прилепскиот театар вечер премиерно ќе го изведе драмскиот текст на Горан Стефановски „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска. Ова е прва премиера од годинашнава програма, а трета соработка на режисерката со ансамблот.

Иако напишан пред 40-тина години, драмскиот текст „Дупло дно“ на Горан Стефановски е уште поактуелен. И денеска има скривници, живеевме во таква две години, а некои реално, со војната. Остана отворено прашањето за вистинскиот уметник – го има ли, или уметничката слобода се загуби во лавиринтите на власта.
Ликовите се уметници, а со новиот режисерски пристап на Поплавска има претопување на ликовите како симболика за ситуацијата во која се наоѓаат.
Ова е прва премиера на прилепскиот театар од годинашнава програма, а трета соработка на Поплавска со ансамблот.
Елизабета Митреска
