Македонија

Струмичките производители на млад компир денес на протест

27.05.2022 15:32

Револтирани и гневни што цената за само два дена падна за 10 денари. Велат трошоците за одгледување на компирот под пластеници е скапа инвестиција, а моменталната откупна цена не ги покрива ниту 50 отсто од трошоците, а заработувачка воопшто и немаат...

Младиот компир во струмичко почна да се откупува за рекордно ниски цени. Утрово младиот компир се откупувал за 25 денари. Гневи и револтирани производителите, утрово го блокираа откупниот центар во Иловица, незадоволни што откупувачите ја слегнале цената, па така од 35 денари пред два дена, денес компирот се откупува за 25 денари по килограм.

Откупувачите пак велат дека намалувањето на цената на младиот компир го диктира пазарот, односно резултат на побарувачката. Во последната недела започна да се пласира и млад компир од другите региони во земјава со што паралелно струмичкиот има конкурентност.

Во последните години површините засадени со ова земјоделска култура во Иловица значително се зголемуваат бидејќи компирот од ова поднебје е препознатлив по својот вкус, и квалитет. Земјоделците кои денес го блокираа патот кон откупниот центар велат дека нема да дозволат ценада да оди во надолна линија.

Стојне Митева