За 20 проценти поскапуваат домашните месни преработки, доколку Владата не им излезе во пресрет
Од 5-ти јуни домашните месни преработки ќе бидат 20 проценти поскапи, Владата не им излезе во пресрет. Од Групацијата за производство на месо и преработки од месо, реагираат дека се во незавидна положба, увезените преработки од месо се без царина. Велат доколку не добијат поддршка во неизвесност ќе бидат доведени околу 2.000 вработени.

Од 5-ти јуни, домашните месни преработки ќе бидат за 20 проценти поскапи, ако Владата не им излезе во пресрет на месопреработувачите и не ја продолжи за шест месеци веќе постоечката мерка за ослободување за 50% од царина на потрошената увезена суровина. Вакво предупредување испратија од Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора. Производителите реагираат дека се во незавидна положба оти увезените преработки од месо се без царина.
Бараат помош од Министерството за економија. Стравуваат дека ќе мора да ги затворат фабриките или поголемите преработувачки капацитети да ги префрлат во соседството каде имало поволна бизнис клима.
Стопанствениците реагираат, доколу не добијат поддршка од државата во неизвесност ќе бидат доведени околу 2.000 вработени.
Наташа Ј. Менковски
