Шацимаркакис ќе бара ЕУ да и го укине кандидатскиот статус на Македонија
11.04.2014 10:05
Контроверзниот европратеник не се откажува од агендата за “минирање” на европската интеграција на Македонија...

Контроверзниот германски европарламентарец со грчко потекло, Јоргос Шацимаркакис ќе побара поништување на кандидатурата на нашата држава во Европската унија, јавува дописникот на МРТ од Атина.
Барањето ќе го доставел до претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, но, се уште не се најавени аргументите на Шацимаркакис.
Според нашиот дописник, оваа вест не е изненадување бидејќи Шацимаркакис и досега се обидуваше да издејствува негативен извештај.
