Здравство

109 нови случаи на Ковид-19

27.05.2022 17:08

Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 77, Битола - 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 77, Битола - 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции.

Регистриранo e 91 оздравен пациент од: Скопје – 67, Битола – 10, Прилеп – 3, Кавадарци – 2, Охрид, Штип, Куманово, Кочани, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.051.008 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.701, бројот на оздравени пациенти е 301.819, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 582.