Обама и Меркел побарале од Москва да ги повлече трупите од граничниот регион со Украина

11.04.2014 10:17

Американскиот претседател Обама и германската канцеларка Меркел разговарале за можни дополнителни санкции против Русија поради нејзината инволвираност во Украина. Двајцата лидери побарале од Москва да ги повлече трупите од граничниот регион со Украина. Во соопштението по разговорот било истакнато дека проруски сепаратисти коишто наводно добивале поддршка од Москва ја дестабилизирале Украина.

Американскиот претседател Обама и германската канцеларка Меркел разговарале за можни дополнителни санкции против Русија поради нејзината инволвираност во Украина. Двајцата лидери побарале од Москва да ги повлече трупите од граничниот регион со Украина. Во соопштението по разговорот било истакнато дека проруски сепаратисти коишто наводно добивале поддршка од Москва ја дестабилизирале Украина. Во меѓувреме, украинската војска почнала да испраќа тенкови во Доњецк на помалку од 24 часа пред истекот на ултиматумот што Украина им го постави на проруските сепаратисти да ги напуштат окупираните објекти.