Бориславова: Најважно е да има широка согласност за темата Северна Македонија
Продолжуваат разговорите меѓу двете министерства за надворешни работи. Ги штитиме бугарските интереси, изјави шефицата на Кабинетот на премиерот Петков, Бориславова...

Најважно е да имаме широк договор за темата Република Северна Македонија. Останува ветувањето дека нужно ќе помине низ Националното собрание- заклучок од вонредниот состанок на коалициските партнери во бугарската влада.
Продолжуваат разговорите меѓу двете министерства за надворешни работи. Ги штитиме бугарските интереси, изјави шефицата на Кабинетот на премиерот Петков, Бориславова.
Средбата во зградата на бугарската влада се одржа по упатеното барање на премиерот Кирил Петков до претседателот Румен Радев да го свика Советодавниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите со Република Северна Македонија.
Бориславова рече дека владејачката коалиција во Бугарија имала конструктивен дијалог на оваа тема, која е исклучително важна за бугарското општество.
Прашана дали Радев и Петков разговарале за Северна Македонија, таа одговори: „таков разговор не е одржан, но двајцата се во дијалог“ и додаде дека „Владата и кабинетот нема да бидат тие што ќе го предадат бугарскиот национален интерес“.
