Притвор на шестмина осомничени за измама при купување парцели
На петмина им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а на еден, куќен притвор, поради опасност дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи.

Судија на претходна постапка делумно го прифати предлогот на Обвинителството за осомничените во случајот „Плацови во делчевско“. На петмина им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а на еден, куќен притвор, поради опасност дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи.
Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и донесе решение со кое на една обвинета ѝ определи мерки за претпазливост.
Против решенијата странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на скопска единица.
Осомничените се товарат дека преку малверзации ја довеле во заблуда ЕВН Македонија, којашто сакала да купи земјиште за фотоволтаици. Плацовите ги продале по цена за четири пати повисока од реалната.
