Зеленски: Русија спроведува „политика на геноцид“
Зеленски рече дека Русија добива речиси милијарда евра дневно од европејците за снабдување со енергија, додека Европската унија се обидува да договори шести пакет санкции против Москва. Тој тврди дека Украина секогаш ќе биде независна држава и нема да биде скршена.

Украинскиот претседател Зеленски рече дека Русија спроведува очигледна политика на геноцид, но и дека катастрофалните случувања во земјата можеле да се избегнат доколку силите од светот притиснеле да се стави крај на војната. Порачува дека Киев нема да се откаже од Донбас.
„Разбираме дека луѓето се свесни за сè и вршат притисок врз нивните власти. Властите се плашат дека општеството ќе им ја одземе власта и затоа воведуваат санкции. Но, некаде зад сцената и помагаат на Русија да заобиколи многу санкции затоа, за жал, не гледаме дека санкциите вршат голем притисок врз Русија. Санкциите се вистинското оружје против Русија, оружјето на светот против Русија која одзема животи“, нагласи Зеленски.
Зеленски рече дека Русија добива речиси милијарда евра дневно од европејците за снабдување со енергија, додека Европската унија се обидува да договори шести пакет санкции против Москва. Тој тврди дека Украина секогаш ќе биде независна држава и нема да биде скршена.
Властите во Харков соопштија дека руското гранатирање убило најмалку седум цивили, ранети биле 17. Жестоки борби се водат на север и исток од градот.
Гувернерот на Луганск смета дека украинските сили можеби ќе треба да се повлечат од последното упориште во регионот за да се избегне заробување, бидејќи руските сили влегле во Северодоњецк.
Москва пак, се надева дека САД нема да ѝ испорачаат на Украина ракетни системи со долг дострел.
