Македонија

МВР: 153 сообраќајни прекршоци во Скопје

28.05.2022 09:35

На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест санкции за возач почетник...

Засилените акциски контроли продолжуваат, информираат од МВР.