Туристичка сезона

Плажите во Струга непречено ќе работат, дополнително ќе се уредуваат со европски пари

28.05.2022 09:51

Плажите на струшкото крајбрежје и оваа сезона непречно ќе работат. Дополнително со европски пари ќе се уредува брегот на Охридското езеро. Министерт за транспорт ја повика Струга да побара помош за спроведување на препораките на УНЕСКО, градоначалникот Мерко смета дека се пренегласуваат заштитните мерки и препораки кои го кочат туристичкиот развој…

Струга и оваа сезона ќе има уредени плажи. Закупците ќе работат со постојните договори со општината. Дополнително, со 300 илјади евра европски пари ќе се уредува крајбрежието во Езерски лозја. Ќе се градат рекреативни патеки, ќе се расчистува и уредува брегот. 

Градоначалнкот Мерко вели преку сеопфатен план за управување целта е туристички развој и привлекување што повеќе гости.

„Ќе се уреди патот, паркинзи, патеки, осветлување итн. За нас ќе биде добар стимул во инетерс на развојот на туризмот, во интерес на една поголема понуда во туризмот“, вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

Министерот за транспорт ја повика Струга да побара финансиска поддршка за спроведување на препораките на УНЕСКО.

„Истото важи и за општина Струга во оној ммент кога ќе побара еве јавно информирам дека може да помогнеме како влада за да се отстранат сите ние објекти кои не се во согласност со статусот на Унеско“, вели Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Додека во Охрид се уриваа дел од објектите на плажите во Струга беа отстранети само неколку платформи. Струшкиот градоначалник смета дека се пренагласуваат заштитните мерки, а на тој начин не може да се очекуваат позитивни развојни ефекти и инвестиции за развој на туризмот како носечка гранка во Регионот.

Соња Рилковска