Расте интересот за самовработување во тетовско
Над 500 лица во годината добиваат работа во тетовскиот регион преку мерката за самовработување. Интересот за аплицирање е од година в година е сè поголем. Целта е формализирање на бизнисите, кои подолго време голем дел од нив работеле на црно...

440 лица се пријавиле во Центарот за вработување Тетово за мерката самовработување, или 10 % повеќе во споредба со лани. Интересот расте секоја година. Преовладуваат апликации за занаети, угостителство, трговија, но има и нови бизнис планови, кои досега не биле воопшто на листата, како фирми за планински туризам. Колку од овие бизниси опстануваат нема анализа, но проценките се дека голем дел од нив не ставаат клуч на фирмата, a некои ја прошируваат дејноста.
На околу 80% од апликантите им се одобрува бизнис планот. Приоритет имаат тие кои се иновативни, недостасуваат на пазарот на трудот и имаат издржана основа дека ќе опстанат.
Од Агенцијата за подршка на мали и средни претпријатија ЕСА од Тетово, кои помагаат за изработка на бизнис плановите, велат дека мерката драстично ја намалува сивата економија,
Во просек до 300 бизнис планови се одобруваат од тетовскиот регион преку самовработување, или на годишно ниво со оваа мерка регионот добива 500 нови работници.
Зоран Димовски
