Македонија

Сè повеќе деца имаат проблем со говорот

28.05.2022 10:40

Успорениот говорен развој кај децата е проблем на сè повеќе семејства. Причина за ова логопедите гледаат во големата изложеност на децата на информатичката технологија и намалената комуникација со родителите. Стресот од пандемијата предизвика пораст на пелтечење кај децата…

Една третина од децата од одделенска настава во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип имаат проблеми со говорот. Логопедите сметаат дека ова главно се должи на недостиг на комуникација на родителите и децата од најмала возраст.

Според европската статистика дури 50 проценти од децата имаат проблеми со говорот и артикулацијата, решение мора да нуди и образовниот процес.

Стресниот период на корона пандемијата предизвика пораст на уште еден говорен проблем кај децата.

Раната детекција и помош од логопед најрано од три до петгодишна возраст даваат резултати, но родителите освен живиот говор на децата треба да им го доближат и пеењето и читањето.

Славица Величковска