САД
Увалде: Командантот сметал дека нема деца во опасност
28.05.2022 11:03
Според полицијата, младиот убиец испукал најмалку 100 куршуми, а командантот кој бил на местото на масакрот бил убеден дека нема вистинска закана за децата во училиштето...

Нови вознемирувачки детали за масакрот во основното училиште Увалде во Тексас.
Според полицијата, младиот убиец испукал најмалку 100 куршуми, а командантот кој бил на местото на масакрот бил убеден дека нема вистинска закана за децата во училиштето и дека има време подобро да се организираат, наместо да се дејствува веднаш.
На другите полицајци им било наредено да не вршат рација во училиштето. Полицијата упаднала и чекала речиси еден час во ходникот пред училницата каде што бил напаѓачот.
