Свет
Десетици жртви во обилните дождови во Кина
28.05.2022 11:26
Осум лица загинаа при уривање на две згради поради лизгање земјиште во провинцијата Фуџијан, на источниот брег на Кина.

Најмалку 15 лица, меѓу кои две деца, загинаа во обилните дождови што го зафатија јужниот дел на Кина.
Осум лица загинаа при уривање на две згради поради лизгање земјиште во провинцијата Фуџијан, на источниот брег на Кина. Уште пет луѓе загинаа, а тројца се водат како исчезнати во провинцијата Јунан, во југозападна Кина.
Дождот оштетил патишта и мостови, а има проблеми и со електричната енергија.
