Да се врати соодветниот третман кон културното богатство
Немаме соодветен третман за заштита на импозантното културно богатство со кое располага Македонија и е во рангот на светското наследство. Пример е состојбата со црквата во Трескавец која целосно ќе се уништи и се бара странска стручна помош. Што побрзо науката да се вклучи во заштитата…

Се бара странска стручна помош за да се спаси непроценливото богатство на Црквата „Успение на пресвета Богородица“ во манастирот Трескавец која датира од крајот на 12 век. Влагата, големите оштетувања и пукнатините на пат се да ги уништат ѕидното сликарство и објектот. Црквата одамна е на листата на културно богатство во опасност.
Без вклучување на науката и враќање на високото ниво на третман на културното богатство како до пред 30-тина години, многу ќе загубиме. Во опасност се околу 5.000 археолошки локалитети, 3.000 сакрални споменици, приближно 30.000 икони, 1.500 средновековни ракописи, над 1.000 споменици од преродбата.
Состојбите во заштитата, сведочат за нашиот однос кон вековното културно богатство.
Елизабета Митреска
