Регион
Силно невреме во Хрватска
28.05.2022 18:15
На подрачјето на Бјеловар и Копривница, урнати дрвја и гранки по сообраќајниците.

Невреме со грмотевици, силен ветер и пороен дожд во северозападниот дел на Хрватска.
На подрачјето на Бјеловар и Копривница, урнати дрвја и гранки по сообраќајниците. Забележани се и повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Дел од патиштата беа привремено непроодни.
