УХМР

Невреме во делови од Македонија, пороен дожд и град

29.05.2022 10:22

Најпогодени Прилеп, Битола, охридскиот и тетовскиот регион. Пороен дожд имаше и во Скопје. Охридското Езеро беше бело од врнежи од град, за кои локалните жители велат дека биле со големина на тениско топче...

Доцна попладне и синоќа, делови од Mакедонија беа зафатени од силно невреме, кое наместа беше проследено со обилни врнежи од град. Најпогодени Прилеп, Битола, охридскиот и тетовскиот регион. Пороен дожд имаше и во Скопје.

Охридското Езеро беше бело од врнежи од град, за кои локалните жители велат дека биле со големина на тениско топче. Центарот за управување со кризи апелира граѓаните да избегнуваат движење во и покрај суводолици и други стари корита.

Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град.

Денеска дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од утре ќе се намалува метеоролошката нестабилност и ќе преовладува потопло време.