Тексас: Полицијата призна дека згрешила
Задоцнетиот одговор доведе до зголемен гнев кај јавноста, протести и проверка на тоа како органите на прогонот се справиле со ситуацијата.

Полицијата призна дека погрешната проценка на полициските службеници довела до толкав број убиени деца, во пукањето во основното училиште во Увалде, Тексас. Полицајците го одложиле влегувањето бидејќи не верувале дека сè уште има ситуација со активен стрелец и покрај тоа што учениците упатиле повеќе повици за помош.
Задоцнетиот одговор доведе до зголемен гнев кај јавноста, протести и проверка на тоа како органите на прогонот се справиле со ситуацијата.
Во меѓувреме, младите демократи во Ел Пасо организираа бдеење за жртвите.
„Не можам да замислам каков страв чувствуваат и бабите и дедовците, соседите и браќата и сестрите. Тоа не е само страв што се чувствува низ училиштата. Има една партија во Соединетите Американски Држави која е толку радикализирана што претставуваат опасност и закана за животот на секој човек во оваа земја. Ова не е политичка изјава, туку е факт“, изјави Вероника Ескобар, конгресменка.
