Куманово: Намален бројот на ковид тестирања
Намален е бројот на ковид тестирања во Центарот за јавно здравје Куманово. Од оваа здравствена установа информираат дека за разлика од почетокот на годината кога се правеле до 700 тестови, сега неделно регистрираат до 200. Укажуваат дека незначителен е процентот на заболени од Ковид- 19.

Стабилната епидемиолошка состојба го намали бројот на ковид тестирања во лабораторијата на Центарот за јавно здравје во Куманово. Здравствените лица велат дека незначителен е процентот на заболени од ковид 19, споредено со тестираните преку „Мој термин“.
„Минатата недела направивме 168 тестови, од кои 50 преку „Мој термин“, 50 за општата болница и останатите се за патување околу 60 тестови. Стабилна е состојбата од „Мој термин“ излегоа два случаи позитивни, од болница три. Минатата недела имавме вкупно пет позитивни случаи“, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.
Од центарот за јавно здравје во Куманово информираат дека покрај македонски граѓани, брзи антигенски тестови прават и странски државјани.
„PCR тестовите се прават сосема малку, само 16 имавме минатата недела, а многу повеќе брзи антигенски тестови, кои што повеќе ги бараат. Проколите често ги менуваат, тоа зависи од државите. Странци има помалку неделно по еден-двајца, тие или живеат овде или се во брак со некој наш државјани“, појасни Љатифи.
На почетокот од годината, во Центарот за јавно здравје неделно се тестираа од 600 до 700 граѓани. Бројот на активни случаи во Куманово во моментов според податоците на Министерството за здравство изнесува само осум.
Елена Георгиевска
