Војна

Во Брисел специјален самит за Украина, руската офанзива на истокот продолжува

29.05.2022 12:14

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија утре и задутре во Брисел ќе се соберат на специјален самит за Украина и санкциите за Русија од агресијата врз таа земја. Украинскиот претседател Зеленски на почетокот на самитот ќе се обрати преку видео врска. Унијата досега воведе пет пакети санкции против Русија, но нема договор за шестиот, кој предвидува ембарго на руската нафта. Во меѓувреме продолжуваат нападите на руската армија...

Русија ја засилува офанзивата во источниот регион на Украина, Донбас, кај провинциите Доњецк и Луганск. Во фокусот е воспоставување целосна контрола над Луганск.

Ситуацијата е лоша, страшно е да се излезе надвор. Најмногу седевме во подрум. Не излеговме со децата. Беа 18 души од кои девет деца. Готвевме надвор на улица“, изјави Јана Скакова, евакуирана од Лисичанск.

Претседателот Зеленски рече дека руската војна во првите борбени линии на Украина е многу комплицирана.

Ситуацијата е многу комплицирана. Особено во регионот на Донбас и Харков, каде што руската армија се обидува да постигне некаков резултат. Клучните области на борба кај фронтот сè уште се Северодоњецк, Лисичанск, Бахмут, Попасна и други градови каде што е фокусирана руската офанзива. Руската армија изврши целосно бесмислен и варварски напад врз регионот Суми“, изајви украинскиот претседател.

Заменик-шефот на руската администрација во окупираната област Херсон изјави дека референдумот за официјално присоединување кон Русија нема да се одржи додека не престанат борбите во регионот. Растечката криза со храна се влоши поради неможноста на Украина да испорача милиони тони жито и други земјоделски производи, бидејќи земјата и понатаму е нападната.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ в понеделник и вторник во Брисел на специјален самит посветен на Украина и последиците за Русија од руската агресија врз земјата. Претседателот Зеленски на почетокот на самитот преку видео врска ќе им се обрати на лидерите.

Сега немаме земјоделски машини, вратено ни е земјиштето што не е минирано каде што можеме да работиме, но не и машините бидејќи тие беа главно уништени, целата опрема е уништена“, вели еден фармер.

„Има многу дупки, целото обработливо земјиште е полно со дупки од гранатирање. Во моментов нема бомбардирање, но на други полиња има гранатирање и има ракети. Што да правиме?“, додава тракторист.

Европската Унија досега воведе пет пакети санкции против Русија од почетокот на инвазијата на Украина, но таа е заглавена на шестиот пакет, кој предвидува ембарго на руската нафта.

 

Марина Ристова