Меркел денеска во Атина
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска е во Атина, каде што предводи бизнис делегација која што треба да се вклучи во реформите во Грција.
Таа ќе има средба со грчкиот премиер Антонис Самарас. Весникот То Вима средбата ја поврзува со најавената транша меѓународна финансиска помош од 8,3 милијарди евра.
Вчера по пет години Грција излезе со обврзница на меѓународната берза.
Зидојче Цајтунг смета дека овој грчки потег е поврзан со планот на Самарас да ја спаси својата влада чие мнозинство во парламентот е незначително.

Засега не е соопштено дали Меркел со Самарас ќе го отвори и прашањето за името на Македонија.