Македонија

Силно невреме повторно ја погоди Општина Лозово

29.05.2022 16:01

Општина Лозово два пати за четири дена е погодена од невреме. Во средата силен ветар предизвика паѓање на дрва, наноси на патиштата и оштети неколку куќи. Вчерашното невреме со обилни врнежи и град уништи голем дел од житните површини, овоштарниците и лозјата. Останатиот дел од овчеполието не беше зафатено од невремето вчера...

Силно невреме вчера вечер ја зафати Општина Лозово и предизвика штети на житните култури, овошките, лозјата, а голема материјална штета имаат и сопствениците на возила и соларни панели

Градобијните ракети кои порано се испукуваа од Ѓуриште го штитеше овој регион од град, сегашните обиди за превенција од град потфрлија, вели градоначалникот Цветковски.

За утре е закажана вонредна седница на советот на Лозово, на која ќе се состави комисија која ќе ги утврдува штетите. Соседната Општина Свети Николе не беше зафатена со невреме, иако во последните 24 часа во Ѓуриште наврнаа 54 литри на метар квадратен.

 

Славица Величковска