Прилеп економски и туристички ќе соработува со Кина

11.04.2014 10:29

Прилеп воспоставува економска и културана соработка со збратимениот четиримилионски град Дејанг од Народна Република Кина. Туристи од Кина ќе ги посетуваат македонските манастири и археолошки локалитети, а ќе се организираат и тури во оваа далечна земја...

Прилеп воспоставува културна и туристичка соработка со збратимениот град Дејјанг од Народна Република Кина. Кинезите веќе го истражуваат културниот пазар и имаат конкретни планови.

„Наша делегација да дојде овде и наши изведувачи да направат претстава за прилепчани. Исто така, да доденсеме млади туристи во посета, а и македонци да дојдат како туристи  во Кина“, вели Бо Ју Џен, советник за култура, медиуми и филм на Дејанг, Народна Република Кина.

Прилепските локални власти на гостите од далечниот исток им ги предочија знаменитостите, манастирите, археолошките локалитети и сите посебности на македонската култура кои ќе го привлечат вниманието на туристите

„Целта е да ја продлабочиме во иднина нашата соработка со Дејанг и со Народна Република Кина во секој аспект, од економски до културен аспект и да се обезбеди развој на туризмот“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Ова е втора официјална посета на кинеска делегација од збратимениот Дејанг. При ланската посета , кинеските стопанственици заклучија дека Прилеп и Македонија се добро место за инвестирање, и тоа во сферата на недвижностите,  во слободната економска зона и пласманот на мермерот.

 

Елизабета Митреска