Македонија
Голем пожар во поранешната „Македонија табак“ во Тетово
30.05.2022 10:40
Утрово во Тетово изби голем пожар, а црн чад се издига високо над градот. Пожарот е проширен брзо и ги зафаќа речиси сите објекти од фабриката...

Утрово во Тетово изби голем пожар, а црн чад се издига високо над градот. Се работи за пожар во некој од објектите во поранешниот простор на „Македонија табак“, што се наоѓа на влезот на Тетово.
Во околните населби е исклучена струјата како мерка на претпазливост. Пожарот е проширен брзо и ги зафаќа речиси сите објекти од фабриката.
Бројни пожарникарски екипи се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
