Албанија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН
Албанија на 1-ви јуни го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации. Министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија..

Албанија на 1-ви јуни го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
Во Њујорк на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.
Министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија.
Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.
