Свет
СЗО: Мајмунските сипаници се умерен ризик за јавното здравје
30.05.2022 11:16
Ризикот би можел да стане поголем доколку вирусот се прошири во високоризичните групи, а тоа се малите деца со слаб имунитет. До 26 мај потврдени се 257 случаи на мајмунски сипаници..

Мајмунските сипаници во моментов претставуваат умерен ризик за јавното здравје на глобално ниво, велат од Светската здравствена организација, откако се пријавени случаи во земји каде што досега не биле присутни.
Ризикот би можел да стане поголем доколку вирусот се прошири во високоризичните групи, а тоа се малите деца со слаб имунитет.
До 26-ти мај потврдени се 257 случаи на мајмунски сипаници, а се верува дека има уште 120 случаи во 23 земји.
