КИНА

Кина ги ублажува мерките против епидемијата со Ковид-19

30.05.2022 11:28

Во Пекинг граѓаните се враќаат на работа, а Шангај се приближува кон укинување на двомесечното целосно затворање. Музеите, театрите и спортските сали може да бидат отворени од недела, со ограничен број посетители...

Се смирува состојбата со коронавирусот во Кина. Во Пекинг граѓаните се враќаат на работа, а Шангај се приближува кон укинување на двомесечното целосно затворање.

Музеите, театрите и спортските сали може да бидат отворени од недела, со ограничен број посетители, во области каде што не се пријавени случаи на инфекција во последните седум дена.

Излегувањето во ресторани и натаму не е дозволено ширум градот.