Франција

Маскиран маж фрлил парче торта на „Мона Лиза“ во Лувр

30.05.2022 12:06

Според искази на сведоци, сторителот бил маж со перика во инвалидска количка. На изненадување на присутните, станал и се приближил до сликата, фрлајќи торта. „Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Сите уметници, помислете на Земјата“, рекол непознатиот сторител и смирено излегол од музејот...

Маскиран маж успеал да фрли парче торта на познатата слика „Мона Лиза“ во Лувр. Шлагот се размачкал по заштитното стакло со кое е обвиен познатиот портрет од Леонардо да Винчи.

Според искази на сведоци, сторителот бил маж со перика во инвалидска количка. На изненадување на присутните, станал и се приближил до сликата, фрлајќи торта.

„Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Сите уметници, помислете на Земјата“, рекол непознатиот сторител и смирено излегол од музејот.