Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе интерпелацијата за Талат Џафери

30.05.2022 13:01

Координаторот Мицевски апелираше сите пратеници да ја поддржат, но додаде дека ако мнозинството ја отфрли, ќе докажат дека застануваат зад недоличното однесување на собранискиот претседател...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја поднесе интерпелација за работата на спикерот Џафери.

Од спикерот на собранието Талат Џафери, ВМРО-ДПМНЕ побара да ја стави интерпелацијата на седница и да не ја крие во фиока

Координаторот Мицевски апелираше сите пратеници да ја поддржат, но додаде дека ако мнозинството ја отфрли, ќе докажат дека застануваат зад недоличното однесување на собранискиот претседател.