Преквалификации за полесен пристап до работа

11.04.2014 10:32

Новите обуки за преквалификации на многу невработени кумановци ќе им овозможат полесен пристап до работното место. Обуките се спроведуваат по детектирањето на дефицитарните кадри...

Арго заварувач, електро-техничар енергетичар и електро-монтер се струките за кои има работа, но нема квафикуван кадар. Токму поради тоа, Агенцијата за вработување го заполна проектот за преквалификација на кадри кои ќе ја задоволат побарувачката од овој профил на работници.30-тина кумановци вклучени во проектот се надеваат дека по завршувањето на обуката ќе станат поконкуретни на пазарот на трудот.

„Би можел да се вклопам во програмата затоа се пријавив за курсот за електро монтер на градежни конструкции.Се надевам дека ќе биде интересено и дека ќе научиме многу работи“, изјави Стефан Денковиќ, дипломиран економист.

„На оваа обука очекувам да се усовршам и теоретски и практично и така би нашол полесно работа“, додава Никола Тошиќ.

Обуката ќе се  спороведува во стручното училиште Наце Буѓони во Куманово.Со кандидатите ќе работи стручен тим од професори во траење од три месеци , а потоа ќе следува практична обука во компаниите.

„По реализирањето на наствата и практичниот дел ,кандидатите  ќе полагаат стручен тест.Се надевам дека сите успешно ќе го поминат тестот и ќе се стекнат со сертификат за соодветно завршено образование“, вели Драган Јаневски, професор во електро струката.

Агенцијата за вработување ги детектира дефицитарните кадри, кои потоа се обучуваат во школото кое има соодветна верификација.

„Гледам дека од година во година се поголем број лица со високо образование се пријавуваат кои го погрешиле образованието, односно отишле во погрешен правец од она што се бара на пазарот на трудот и сами се одлучуваат , бараат од нас преквалификација, а ние им овозможуваме во рамките на нашите можности“, изјави директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Страстиката покажува дека оние кои успешно ја завршиле обуката најголем дел од нив веднаш нашле работа.

 

Габриела Димковиќ