Се сумираат штетите од невремето во општина Лозово
Градот ќе го десеткува родот на лозјата во Општина Лозово. Нешто помали се штетите кај овошките и житните култури. Општината деновиве ќе ја утврдува штетата, а помош ќе бара од државниот буџет...

Од 30 до 70 насто од родот на лозјето и овошките е уништен од невремето, велат земјоделците од Лозово. Грозјето оваа година имаше богат род но градот го уништи, а последиците ќе ги чувствуваме долго, вели Горан Велков, лозар од Лозово.
Големи се штетите кај родните дрвца, но и кај јачменот кој е пред жнеење.
Градот оштети и неколку куќи, една од нив е домот на Олга Сребреновска во село Дорфулија.
Советот на Општина Лозово ќе формира две комисии за утврдување на штета од невремето, една за земјоделскиот род една за штети на имотот. Буџетот на општината нема капацитет да помогне, заради што Советот одлучи да бара помош од централната власт.
Славица Величковска
