Одбележување на Светскиот ден на лицата со мултипла склероза
Во светот околу три милиони луѓе се справуваат со болеста мултипла склероза. Кај нас овој проблем го имаат околу илјада граѓани. Денеска, на одбележувањето на светскиот ден со марш ги искажаа проблемите со кои се соочуваат...

Да се подобрат здравствените услуги на лицата со мултипла склероза, измени да има и кај комисиите за одредување на степенот на инвалидност, следствено со зголемување на потрошувачката да растат и нивните надоместоци. Бараат лицата со МС. Велат дека потребно е да се подигне јавната свест и на лицата со дијагноза и на целата јавност. Според нив јавната свест е на повисоко ниво но не и задоволувачка.
Континуирано се зголемува бројот на лица со МС кои примаат ефикасна терапија, но и покрај тоа соочени сме со недостапност на оваа терапија вели претседателка на националното здружение за МС. А во слична ситуација се и оние кои чекаат со месеци за да добијат современ третман.
Во земјава околу 1.000 пациенти се внесени во системот „Мој термин„ со оваа дијагноза
Се одбележува светскиот ден на лицата со мултипла склероза. Во светот околу три милиони луѓе се соочуваат со оваа болест.
Ана Јосифоска Тодоровска
