Македонија

Кацарска: Ако не се изберат нови судии до декември, ќе влеземе во уставна криза

30.05.2022 14:58

Уставниот суд има четворица судии помалку од предвиденото и ваквата состојба трае повеќе од половина година. Со секој поминат ден граѓаните трпат штети, бидејќи нивните предмети се одложуваат, изјави претседателката на уставен Кацарска по денешната средба со државниот врв...

Доколку до декември не се изберат нови судии, тогаш дефинитивно земјава ќе влезе во уставна криза, изјави претседателката на судот Кацарска после средбата со претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и спикерот Џафери. Таа очекува поддршка и заложба на државниот врв за побрзо надминување на ситуацијата. Но, децидна е нема да преговара неформално со ниту еден политичар поради заштита на независноста и угледот на судот.

Кацарска посочи дека судот работи со деловник стар 30 години. Освен тоа претставниците на извршната и законодавната власт ги запознала со прашањето за финансиско-административна независност, како и условите во кои работи судот. Особено се, залага, вели, за изгласување на уставна тужба, со цел да се избегнат судењата во Стразбур, што ќе биде многу поевтино за граѓаните.

Кацарска предупреди дека Указот за преспанскиот договор и Законот за употребата на јазиците нема да бидат ставени на дневен ред, сè додека не се изберат девет судии.

Фиљана Кока