Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Талат Џафери, побара поддршка од сите пратеници

30.05.2022 15:07

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја поднесе интерпелацијата за работата на спикерот Џафери. Координаторот Мицевски побара сите пратеници да ја поддржат, во спротивно СДСМ и ДУИ ќе докажат дека застануваат зад недоличното однесување на собранискиот претседател.. Парламентарното мнозинство смета дека првиот парламентарец не го прекршил Деловникот и процедурите...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја поднесе интерпелација за работата на спикерот Џафери. Координаторот Мицевски побара сите пратеници да ја поддржат, но додаде дека ако мнозинството не ја прифати, ќе докаже дека застануваат зад недоличното однесување на собранискиот претседател. Опозицијата со порака до Џафери да ја стави интерпелација на пленарна седница, а не како што рече Мицевски, да ја крие во фиока и доколку смета дека работи одговорно, да даде аргументи пред целата јавност.

Од СДСМ ја отфрлаат интерпелацијата. Остануваат на ставот дека првиот парламентарец не го повредил Деловникот и процедурите.

И во албанскиот политички блок со спротивставени ставови за интерпелацијата. Интегративците тврдат дека претседателот на Собранието добри си ја врши задачата, а Алијанса за Албанците, пак, дека Џафери не треба да биде прв меѓу еднаквите.

Според Деловникот, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна собраниска седница, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците.

За идниот понеделник, пак, е закажана Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, по пријавата од ВМРО-ДПМНЕ за повреда на етичкиот кодекс од спикерот Џафери.

 

Игор Панов