„Хуманоста е важна“- хуманитарна акција во Струга
Под мотото „Хуманоста е важна“ деновиве завршува хуманитарната акција помеѓу Јавната општинска установа „8- ми Март“ од Струга и „Градиме иднина“ од Скопје
Станува збор за повеќегодшни хуманитарни активности помеѓу двете организации кои според планираното се реализираат двапати годишни и тоа во текот на летниот и зимскиот период...
Градинката „Сонце“ по втор пат ја поддржа оваа хуманитарна акција, а собраната облека ја донираше во детските домови, згрижувачките семејства и домот за доенчиња во Битола:
„Градиме иднина – Скопје со градинките „8- ми Март“ од Струга имаме одлична соработка, постојано не помагаат и не поддржуваат на годишно ниво два пати организираме вакви хуманитарни акции во летната и зимската сезона да се собере облека. Досега сите успешни акции вродија со плод. Многу детски срца сме стоплиле, околу 600 до 700 деца ги имаме покриено со помош на алишта летни и зимски. Знаат децата како да ја покажат хуманоста“, објаснува Илија Јовановиќ претседател на Здружението „Градиме иднина маргинализирани групи„ на Република Македонија.
Директорот на Јавната општинска установа Детски градинки „8- ми Март“- Струга, вели дека преку оваа акција детската градинка од Струга несебично ја подарува својата добрина и љубов.
„Како Јавна општинска установа „8- ми Март“ со објектите „Сонце“ и „Пепуратка“ ја поддржуваме оваа хуманитарна акција заедно со вработените во нашите градинки и можам да кажам дека и во минатите години оваа соработка била голема. Ние како детска градинка сакаме да подариме малку добрина, љубов, а овој пат нашата помош ќе биде преточена во нашите хумани пакетчиња со храна и облека што ќе ги подариме на децата од домот на доенчиња во Битола“, информира директорот Сашо Клечкароски.
Покрај храна и облека од страна на детската градинка беа донирани и креветчиња, а двете организации најавуваат уште поголема соработка на повисоко ниво во кое ќе бидат вклучени не само граѓаните на Општина Струга, туку и на Република Македонија.
Јованчо Наумовски
