Украина

Дипломатските напори не го намалија интензитетот на битките

30.05.2022 16:02

Вонреден лидерски самит на Европската унија. Нема договор за нафтено ембарго. Во Северодоњецк, жестоки борби. Русија останува фокусирана на Донбас. Турскиот претседател Ердоган во телефонски разговор со лидерите на завојуваните земји...

Иднината на европската одбрана, војната во Украина и шестиот пакет санкции врз Русија главни теми на вонредниот лидерски самит на ЕУ. Амбасадорите не постигнаа договор за ембарго на руската нафта. Унгарија и уште неколку други земји се против воведување на забрана за увоз на горивото. Германскиот министер за економија Хабек предупреди- единството на ЕУ почна да се распаѓа. Западот се обидува да ја казни Русија со економски санкции поради инвазијата во Украина.

Дипломатските напори не го намалија интензитетот на битките. За Русија, ослободувањето на Донбас останува примарна цел во оваа етапа. Шефот на дипломатијата Лавров нагласи – жителите на останатите региони ќе решаваат сами за својата иднина.

„Оперативно-тактичката и воената авијација погодија три силни позиции и 67 области со украински војници и опрема. Нападите уништија 320 националисти и 47 оружја и парчиња воена опрема“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското МО.

„Штом ги неутрализираат позициите на непријателот, нашите борци ќе заземат нови на теренот.

„Целта е да ги опколиме. Во градските борби, загубите на напаѓачот се поголеми од оние на бранителот. Цел е нашите мажи да на паднат во битката.

Северодоњецк остана без клучната инфраструктура. „Руските операции уништија 90% од зградите“ – тврди Киев.

„Дојдов, разбрав што се случува и го отпуштив шефот на Службата за безбедност на Украина на регионот Харков бидејќи од старт не работеше на одбраната на градот и мислеше само за себе. Кои му биле мотивите? Полицијата води истрага за тоа. Една третина од Харков е поробена. Сигурно ќе ја ослободиме целата територија и секој треба да работи за овој резултат и на локално и на државно ниво“, изјави Зеленски.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган најави нов телефонски разговор со лидерите на завојуваните земји.

 

 

Маја С. Филдишев