Пожарникарите го локализираат огнот само во еден објект
Голем пожар во магацин за градежен материјал и стиропор во кругот на поранешна „Македонија табак“ во Тетово. Пламените јазици ги зафатија и другите објекти. Пожарникари хоспитализирани поради вдишување гасови. Повик до граѓаните да останат дома...

Пожарникарите од тетовската противпожарна единица заедно со колегите од повеќе градови интервенираат да се изгаси огнот што гори во управната зграда на „Македонија Табак“, додека се спречува да се прошири огнот на двата соседни објекти. Тие два објекти ги користи приватна компанија која произведува градежни материјалии, пренесува МИА.
Внатре има материјали кои лесно горат и тешко се гасат. Затоа има многу чад. Има два објекти и една голема хала која гори, и да не се рашири се бориме со огнот, изјави пожарникарот Амети.
Двајца негови колеги се задушиле со чад и добиле медицинска помош, додека еден пожарникар е повреден. Тој паднал и така ја повредли едната нога. Според Амети, голема помош е што дошле колегите од други градови.
Со помош на вработени се тргнати материјали што горат. Треба трепение, многу вода сме фрлиле, а се фрла и пена од цистерна на ТАВ аеродром и на компанија ОКТА. Со тој материјал да запре огнот и до крај на денот да завршиме со ова, изјави Амети.
