Македонија
Нобеловецот Кругман и Стопанската комора добија Орден за заслуги
30.05.2022 16:49
Претседателот Пендаровски додели Ордени за заслуги. Признанијата им беа врачени на нобеловецот Пол Кругман и на Стопанската комора. Првиот човек на комората Азески, одликуван со Повелба...

За исклучителниот придонес во развојот на економската мисла и дејност, на глобално и национално ниво, претседателот Пендаровски им додели Орден за заслуги на професорот Кругман и на Стопанска комора. На свеченоста, презентирани богатите биографии и нивните дела.
За фундаментален придонес во осовременувањето и развојот на стопанството, со повелбата одликуван и претседателот на комората Бранко Азески.
Орденот за заслуги е четврто по важност државно одличје коешто го доделува претседателот.
Викторија Милевска
