151 нов случај со Ковид-19 во последните три дена
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.851, бројот на оздравени пациенти е 302.013, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 535.

Во последните три дена (од 27.05 до 29.05.2022) направени се 2.335 тестови, а регистрирани се 151 нови случаи на Ковид-19, од кои најголем број во Скопје. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 29 реинфекции. Регистрирани сe 194 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите три дена пријавено е едно починато лице од Прилеп (97г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72г) и Битола (85г), едно лице е починато во болнички услови ,а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 03.05.2022- 19.05.2022 година.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.851, бројот на оздравени пациенти е 302.013, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 535.
Досега во земјата се направени вкупно 2.053.343 тестирања на Ковид-19.
